Бањаја победи во спринтот, еве што му треба на Мартин за да биде првак!

Франческо Бањаја победи на спринт трката за Големата награда на Барселона, а со тоа остана во игра за одбрана на титулата. Одлуката за шампионот ќе падне в недела на главната трка во Каталонија. 

Актуелниот шампион релативно лесно дојде до победата, водеше од стартот. Бањаја победи, на второто место се пласира Енеа Бастијанини, а третото место го зазеде лидерот во генералниот поредок Хорхе Мартин. И покрај тоа Мартин е во пол-позиција за да ја освои титулата.

Во утрешната трка Мартин мора да заврши подобро од деветтата позиција за да собере доволно бодови, без оглед на пласманот на Бањаја. Италијанецот, пак, ќе остане во трката само ако победи, но ќе гледа и зад себе во пласманот на Хорхе Мартин.