• Сашо Поповски

Енеа Бастианини запиша трета сезонска победа на денешната трка на патеката „Ле Ман“ во Франција.
Џек Милер се пласира на второто место, а подиумот го комплетира Алеиш Еспаргаро. Бранителот на титулата Фабио Квартараро четврти мина низ целта, а Марк Маркез се задоволи со петтата позиција.
Жестоката битка за врвот не ја издржа Франческо Бањаја. Италијанскиот возач на Дукати падна на шест круга до крајот и пропушти одново да запише бодови на своето салдо.
Дождот беше закана за денешната трка, но тој не направи проблеми, на големо задоволство на тимовите и фановите. Следната трка е закажана за две недели во италијански Муџело.