Бањаја најбрз во квалификациите во Франција, Маркез со второ време

Франческо Бањаја блесна во финишот и беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Франција во Ле Ман.

Втор беше Марк Маркез, во неговата втора трка сезонава. Третото место го зазеде Лука Марини од тркачкиот тим VR46 со време 1:30.842. Џек Милер, кој беше најбрз во петокот, сега заврши на четвртото место.

По нив следуваат Хорхе Мартин, Маверик Вињалес, Марко Безеки, Алес Маркез, Жоан Зарко и Бред Бајндер.

Бањаја, возачот на тимот на Дукати Леново и актуелен шампион, беше најбрз со време од 1:30.705, тој круг го извозе во самиот финиш, токму кога се чинеше дека Марк Маркез на Хонда ќе биде најбрз со време од 1:30.776.