Бањаја најави напад на нова титула на последните претсезонски Мото ГП тестови

Последните претсезонски тестови пред стартот на Мото ГП се возеа во Портимао, Португалија, а најбрзо време постави актуелниот првка Франческо Бањаја. 

Популарниот Пеко забележа 1:37.968, што е нов рекорд на оваа патека гледано низ историјата. Сепак, со темпото кое го покажаа, дури дванаесет возачи успеаја да го надминат претходниот рекорд, во минимален интервал зад водечкиот. 

Зад Бањаја, второто место го зазеде Жоан Зарко, трет беше Фабио Квартараро, пред Марини и Бецеки. Во топ десет се пласираа уште Бастијанини, Алекс Маркез, Мартин, Биндер и Еспаргаро.