Бањаја до рекорд и пол-позиција за домашниот спринт во Италија

Светскиот шампион во МотоГП, Франческо Бањаја, дојде до третата пол-позиција оваа сезона, откако заврши како прв во квалификациите на домашен терен, на трката за ГН на Италија.

Возачот на Дукати до првото место дојде со рекорд. Италијанецот ја мина патеката за 1:44.885 минути и така стана првиот возач кој извозел под 1:45 на патеката „Муџело“. Така, тој ќе стартува прв на спринтот.

Втората позиција во квалификациите му припадна на Марк Маркез, додека како трет заврши братот на Марк, Алекс Маркез, но ќе стартува од шестото место поради казна за инцидент во претходната трка.

Така, од третото место ќе тргне Џек Милер од КТМ. Попладнево ќе се вози „спринтот“ во МотоГП од 15:00 часот, додека трката е закажана во недела од 14:00 часот.