Бањаја најдобар во квалификациите во Арагон, од првиот ред ќе стартуваат Милер и Квартараро

Бањаја

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на квалификациите за трката во Арагон.

Италијанецот ќе стартува од првата позиција, откако денес запиша време од 1:46.32 минути. Зад него се пласира Џек Милер, а последен возач од првиот ред ќе биде Фабио Квартараро.

Бањаја запиша рекордно време на патеката и го надмина достигнувањето на Марк Маркез од минатото.

Трката за ГН на Шпанија во Арагон се вози утре попладне.