• Михајло Стојановски

Балканската Мото Унија, на настанот кој го организираше во Софија, ги претстави календарите за 2016 година, за мото дисциплините во ново организираниот Балкански шампионат, досега познат како Источно-Европски шампионат.
Во дисциплината брзински мотоциклизам, на распоредот ќе следуваат осум трки, за мотокрос шампионатот закажани се седум трки, од кои една ќе се вози во нашата земја, на 16. и 17. април во Гевгелија.
Во дисциплината ендуро, љубителите на оваа мото дисциплина ќе можат да проследат четири трки.
Да напоменеме дека Балканската Мото Унија, ќе биде организатор и на шампионати во Супермото, Баја, Екстремно Ендуро и мото класици.