• Зоран Мишевски
Раководството на Формула 1 активно да истражува опции за замена на трките на Блискиот Исток, кои или веќе се откажани или се на работ да бидат откажани поради тековниот воен конфликт.
По откажувањето на трките во Бахреин и Саудиска Арабија, одржувањето на трките во Катар и Абу Даби е доведено во прашање. Доколку сите трки на Блискиот Исток бидат откажани, бројот на трки во сезоната 2026 е намален од планираните 24 на 20 Гран При. Како резултат на тоа, Формула 1 истражува опции за дополнителни трки.
Една опција е да се одржат две трки, или во Баку или во Сингапур, бидејќи календарот го дозволува тоа. Сепак, оваа опција се смета за неповолна и за учесниците и за организаторите.