Азербејџан доби нов договор, Формула 1 ќе се вози во Баку до 2023 година

Формула 1 трката за ГН на Азербејџан ќе остане во календарот до 2023 година. Една од најновите и најлуксузни трки доби продолжување на договорот за нови три сезони.

Оваа трка стана една од најпопуларните во календарот со многу возбудувања и неизвесна борба. Азербејџан првпат беше домаќин во 2016 година.

Приходот од оваа трка е огромен и тоа е главната причина за новиоот договор, иако на пилотите Баку не им е една од омилените дестинации.