• Саше Љолес

Младиот Андреа Кими Антонели испиша историја во Формула 1, откако стигна до својата прва светска титула, а по големиот успех не ги криеше емоциите и им се заблагодари на сите кои му помогнаа да го оствари сонот.
Италијанскиот возач истакна дека без поддршката од Мерцедес и неговото семејство немаше да биде на ова место, нагласувајќи дека освоениот трофеј е момент кој засекогаш ќе го памети.
„Успеавме! Без нив немаше да бидам тука. Без Мерцедес и без моето семејство, ова немаше да биде возможно. Навистина сум благодарен за овој момент. Немам зборови, сè уште се обидувам да сфатам што се случи“, изјави Антонели.
Младиот Италијанец призна дека зад него е исклучително напорна сезона, во која морал да се справува и со големиот притисок, но најважно е што на крајот успеал да ја оствари својата цел.
„Ова беше неверојатна сезона. Многу сум среќен што успеавме да ја завршиме работата и да ја освоиме титулата. Сега можеме да уживаме во преостанатиот дел од сезоната“, додаде новиот шампион.
Со овој успех, Антонели се запиша во историјата на Формула 1 како најмладиот светски шампион, а истовремено стави крај на долгото чекање на Италија за нов шампион во конкуренција на возачи.
За 20-годишниот возач ова е остварување на детскиот сон, но и почеток на ново поглавје во кариерата во која од него допрва ќе се очекуваат големи работи.