Антонели со магичен круг до пол-позиција, светот пред промоција на најмладиот шампион!

Андреа Кими Антонели продолжува да пишува историја во Формула 1. Младиот возач на Мерцедес ја освои својата седма пол-позиција во сезоната 2026 и го обезбеди најдоброто стартно место за Големата награда на Сoединетите Американски Држави на патеката во Остин.

Викендов би можел да му ја одбележи кариерата, Антонели има можност да направи одлучувачки чекор кон својата прва титула светски првак. Италијанскиот талент беше побрз од Макс Верстапен и Исак Хаџар во квалификациите, со што уште еднаш ги потврди својата брзина и континуитет во текот на сезоната. Антонели се наметна како еден од главните протагонисти во шампионатот, а седмата пол-позиција (прва по Големата награда на Белгија) дополнително ги потврдува неговите амбиции во борбата за титулата.

Посебно е интересно тоа што Ферари покажа одлична форма на тренинзите. Шарл Леклер беше најбрз на првите два слободни тренинзи, додека Луис Хамилтон ја предводеше конкуренцијата на третиот тренинг. Сепак, кога беше најважно, возачите на Ферари повторно потфрлија. Леклер во Остин ќе стартува од четвртата, а Хамилтон од петтата стартна позиција.

Големата награда на Соединетите Американски Држави носи дополнителна доза возбуда, бидејќи Остин би можен да стане местото на првото шампионско крунисување на младиот возач на Мерцедес. За потврда на насловот, Кими мора да победи на трката, додека Расел би морал да заврши најмалку на деветтото место, а Луис Хамилтон најмалку на петтото место.

Остин е подготвен за спектакл, а сите очи ќе бидат вперени во младиот Антонели и неговиот поход кон првата титула светски првак во Формула 1. Ако ѕвездите се поклопат, Кими може да напише историја и да стане најмладиот светски првак во Формула 1 со само 20 години.