Антонели: Ова е само почеток, победата ја посветувам на моето семејство!

Младиот италијански возач, Кими Антонели, не ја криеше емоцијата и среќата по историската победа на трката за Големата награда на Кина - прва во неговата професионална кариера. 

Тимот на Мерцедес имаше совршен викенд и ја комплетираше трката со „еден-два“ победа, а Антонели изјави дека се чувствува неверојатно и посакува овие резултати да продолжат и во текот на сезоната. 

„Ова е неверојатно чувство. Не очекував првата победа да дојде толку брзо. Тимот направи фантастична работа и навистина сум благодарен на сите кои стојат зад овој успех.

Пред нас е голема и важна работа, мораме да бидеме максимално фокусирани за да ги продолжиме овие резултати. Со вакви настапи, мислам дека ќе бидеме во одлична позиција во текот на сезоната“, рече Антонели. 

Младиот Италијанец истакна дека овој момент е посебен за него и за неговото семејство, додавајќи дека победата е резултат на огромната работа на целиот тим.

„Ова е само почеток. Ќе продолжиме да работиме напорно и се надевам дека ќе има уште вакви моменти. Победата ја посветувам на моето семејство и целиот мој тим“, заклучи Италијанецот. 

Следната трка во Формула 1 ќе се вози за Големата награда на Јапонија, на легендарната патека „Сузука“.