• Горан Упале
Младиот италијански возач Андреа Кими Антонели продолжи да импресионира на патеката Силверстон, откако по триумфот во спринт-трката ја освои и пол-позицијата за Големата награда на Велика Британија.
Возачот на Мерцедес беше најбрз во квалификациите со време од 1:28.111, потврдувајќи дека се наоѓа во одлична форма пред главната трка, на која ќе има можност да стигне до двојна победа во текот на викендот.
Од првиот стартен ред ќе тргне и Шарл Леклер, кој заостана 0,175 секунди зад Антонели, додека третото најдобро време го оствари домашниот миленик Луис Хамилтон, со заостанување од 0,347 секунди.
Четвртата стартна позиција му припадна на Џорџ Расел, пред Исак Хаџар и Ландо Норис. Од седмото место ќе стартува Макс Верстапен, осми е Оскар Пјастри, деветти Арвид Линдблад, а топ 10 го комплетираше Лијам Лосон.