• Горан Упале
Тимот на Мерцедес забележа „еден-два“ победа на трката за Големата награда на Кина во Шангај. По двојниот триумф во Австралија (Расел беше пред Антонели), денес двајцата возачи на Мерцедес ги заменија улогите и Антонели заврши пред својот совозач. Италијанецот вчера стана најмлад освојувач на пол-позиција, а денес со доминантен перформанс стигна до својата прва победа како 19-годишник.
На третото место се пласира Луис Хамилтон, што ќе го израдува седумкратниот шампион по цела година без пласман на подиумот. Зад него беше совозачот од Ферери, Шарл Леклер, со кого водеше жестока битка поголемиот дел од трката.
Новата ера на Формула 1 ни донесе возбудлива трка, но исто така јасно покажа дека Мерцедес во моментов е ненадминлив, па Антонели стана првиот Италијанец, по Џанкарло Физикела, кој победил на трка во Формула 1.
Инаку, возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, не успеаја да ја започнат денешната трка, откако тимот во последен момент откри проблеми со двата болида. Норис и Пјастри требаше да ја започнат трката од петтото и шестото место, но наместо тоа, третиот ред беше оставен целосно празен. Болдот на Норис дури и не стигна до почетната позиција откако тимот откри електронски проблем. Неговиот совозач Пјастри успеа да го однесе својот болид на стартот, но и тој беше вратен во гаражата непосредно пред кругот за загревање.