Шумахер не е врзан за кревет, ниту пак за некаква машина!?

Шумахер

Англиски „Дејли Мејл“ излезе со шокантно тврдење во врска со здравствената состојба на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер.

Германецот по еден скијачки инцидент во Франција заврши во болница и од тој момент неговиот живот е тотален анонимус за пошироката јавност. Тој моментално се наоѓа во својот дом во Швајцарија, каде е под надзор на доктори во текот на целиот ден.

Податоците со кои излезе англискиот таблоид велат дека тој не е врзан за кревет, ниту пак за било каква машина која го одржуваат во живот. 

Последните информации од блиските членови на семејството на Германецот откриваат дека на неговата терапија се трошат 55.000 евра неделно, а за истата се грижат дури 15 доктори.