АМС: Иџе доби ваучер како европски шампион, го третиравме и како светски спортист!

Иџе

Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) се огласи со соопштение по обраќањето на автомобилистот Игор Стефановски - Иџе кој јавно изрази незадоволство поради малата помош која ја добивал од македонските институции.

Од АМС велат дека Стефановски континуирано бил поддржуван, лани добил ваучер од 500.000 денари, а истовремено се потенцира дека во 2018 година за него биле издвоени 8,5 милиони денари од буџетот на Македонија како помош.

  • Соопштението на АМС во целост:

На Агенцијата за млади и спорт во изминатиот период приоритет и се младите и врвни спортисти и тоа го искажува во сите пригоди и можности, давајќи приоритет средствата од Буџетот на Република Македонија да се користат за остварување на јавниот интерес во спортот.

По јавниот настап на Игор Стефановски – Иџе, во кој негативно ја оценува работата на Агенцијата за млади и спорт, притоа, неосновано се обвинува и се изнесуваат невистини во однос на работењето на Агенцијата.

Информираме дека Игор Стефановски - Иџе континуирано бил подржуван и бил привилегиран спортист, за што го води и фактот дека од Буџетот на Република Македонија во 2018 година, на овој спортист доделна му е сума од 8,5 милиони денари, од вкупната сума од 20 милиони денари, наменети за Автомобилистичка федерација на Македонија во 2018 година.

Сакаме да ја споредиме оваа сума од 8,5 милиони денари е вкупен буџет на неколку спортски кои со успех се натпреваруваат на регионални, европски и светски првенства и притоа остваруваат врвни спортски резултати со кои исто така ја афирмираат нашата земја.
На спортистот Игор Стефановски.-Иџе од 2018 година Стефановски му се исплаќа паричен надоместок за стекнатата категорија, Спортист од Светска категорија, во висина од илјади денари месечно, или две просечни плати, и ова право ќе го остварува во период од 4 години, се разбира доколку се натпреварува во наредниот период до 2022 година.

Во 2019 година на Игор Стефановски.-Иџе, доделен ,у е ваучер во износ од 500.000, денари, како и на неколку европски шампиони во одредени спортови. Во 2018 година Игор Стефановски.-Иџе настапуваше во Шампионатот на ТЦЦР и оствари пласман согласно неговите нивните можности, а во 2019 година не настапувал во овој систем на натпревари.

Сакаме да ја информираме спортската и пошироката јавност дека Агенција за млади и спорт со посебно внимание ги следи и поддржува активностите во автомобилистичкиот спорт кои поради низа причини 9 години немаше реализирано активности и благодарејќи на активностите на Агенција за млади и спорт, во последните две години повторно се организирани национални натпревари во автомобилизам.

Ваквите настапи и неосновани изјави му штетат на спортот и на оние кои вистински се залагаат за негов развој во нашата држава.

Сакаме да потсетиме дека благодарајеќи на aктивностите на Агенцијата за млади и спорт и поддршката што ја добива, средствата за поддршка на спортот и спортистите во нашата држава во последната година се зголемени за 10 пати, во споредба со средтвата остварени во 2016 година.

Поддршката од Агенција за млади и спорт продолжува и понатаму, му посакуваме успех во неговите спортски резултати.

Иџе Стефановски беше спортист на Македонија пред две сезони и еден од нашите најдобри репрезенти на меѓународна сцена.