Американски гигант ќе биде нов тим во Формула 1 од 2026 година!

Американскиот автомобилски гигант, „Кадилак“, официјално ќе стане дел од најпрестижниот циркус во светот, Формула 1. 

Оваа информација е потврдена од самата организација и од Светската автомобилистичка федерација, кои најавија дека „Кадилак“ првпат ќе се појави на патеките во 2026 година. 

„Како што најавивме во ноември, „Џенерал моторс“ изрази огромна желба и посветеност да стане дел од нашиот спорт. Би сакал да им се заблагодарам на челните лица и на нивниот тим, кои напорно работеа на оваа идеја.

Преговорите траеја неколку месеци, а јас се радувам на новата соработка и би сакал да им посакам топло добредојде во Формула 1“, изјави извршниот директор, Стефано Доменикали. 

Новиот тим во Формула 1 ќе ги користи мотирите на Ферари. Eвропската база на „Кадилак“ ќе биде со седиште во британскиот Силверстоун.