Алпин промовира нов возач, но тој демантира дека ќе вози за нив!

Формула 1 тимот на Алпин доживеја нов шок. Откако Фернандо Алонсо најави заминување во Астон Мартин, тимот ја промовира неговата замена во името на Оскар Пиастри. 

Преку официјална објава на социјалните мрежи, Алпин нагласи дека возачкото дуо ќе биде Окон-Пиастри, меѓутоа тоа не е така. Самиот возач го демантираше договорот, нагласи дека Алпин на своја рака го официјализирал потписот и нагласи дека нема да вози за нив. 

„Како што видов, без мое одобрение и согласност, Алпин објави официјално соопштение попладнево дека ќе возам за нив следната сезона. Тоа не е точно, не сум потпишал со Алпин за 2023 и нема да возам за тимот следната година“, напиша Пиастри. 

Ова е изненадување за сите, бидејќи Пиастри потекнува од академијата на Рено, возеше за нив во пониските категории и годинава е резервен возач на Алонсо и Окон. Тимот бараше место за Австралиецот за следната сезона, а сега сакаше да го искористи во својот болид, но барем според неговото пишување, тоа нема да биде така. 

  • Објавата на Алпин за потврда на возачот: 

 
  • Демантот на Пиастри за најавите: