Алонсо сѐ уште не потпишал договор за учество на релито Дакар

Фернандо Алонсо

Шпанецот Фернандо Алонсо има многу понуди за настап, а една од нив доаѓа од организаторите на најпопуларното рели во светот.

Релито Дакар сепак сѐ уште не добил позитивен одговор од поранешниот шампион во Формула 1 шампионатот. Се шпекулира дека Тојота преговара да го врати 38-годишникот од Овиедо на патеките во Ф1.

Шпанскиот возач во последните 12 месеци беше дел од трките во Дајтона, Ле Ман, Себринг, Индијанаполис...

Алонсо важи за еден од најталентираните пилоти во историјата на Ф1 спортот, кој во 2005 и 2006 година со Рено освои две шампионски титули.