Алонсо одговори на прашањето кој е подобар – Шумахер или Хамилтон?

Шумахер

Фернандо Алонсо важи за еден од најталентираните возачи кои некогаш се појавила во Формула 1 светот. Шпанецот со Рено освои две шампионски титули, а потоа замина во Мекларен, за да ја заврши кариерата во Ферари.

Во последно време се зборува за споредба меѓу Луис Хамилтон и Михаел Шумахер. Британецот наскоро ќе го израмни рекордот на германската легенда и ќе застане на делба на првото место со седум шампионски титули.

Алонсо зборуваше за разликата меѓу нив и кој според него е најдобар на сите времиња.

„Се сеќавам дека Михаел беше возач кога беше тежок да се победи, еден од најголемите таленти. Тој го имаше „тоа нешто“. Луис е многу добар и најдобар во својата генерација. Но, тој не ја освои титулата со Мекларен кога беше соиграч со Џенсон (Батон). Во Мерцедес, Нико Розберг исто така беше светски шампион. Михаел никогаш немал такви работи, тој секогаш победувал. За мене, Михаел е чекор напред“, изјави шпанскиот возач.

Дебатата ќе остане вечна, како и во секој друг спорт кога се споредуваат таленти од различни периоди.