Алонсо: Не можам да гарантрам ќе возам за Алпин и понатаму

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се врати во најбрзиот автомото спорт и оваа сезона е дел од тимот на Алпин, во минатото Рено, со кого тој ги освои трофеите во 2005 и 2006 година.

Договорот на Алонсо со Алпин истекува на крајот на оваа сезона. Шпанецот кажа дека не знае дали ќе биде во тимот и догодина.

„Никогаш нема гаранција дека ќе останеш некаде. Треба да преговараме за некои работи, тоа најверојатно ќе биде на паузата во август. Во следните седмици ќе имам разговори со тимот и ќе ги чујам нивните очекувања“, изјави Алонсо.

Фернандо Алонсо се наоѓа на десеттото место во генералниот пласман и има вкупно 29 бода.