„Алонсо или Шумахер? Тоа ви е исто како да ме прашате за Меси и Роналдо“

Легендарниот Формула 1 работник, Флавио Бриаторе, немаше соодветен одговор за тоа кој беше подобар меѓу двете легенди на овој спорт, Фернандо Алонсо и Михаел Шумахер.

Италијанскиот бизнисмен, кој своевремено беше шеф во редовите на тимот кој сега не постои - Бенетон, ривалството на Алонсо и Шумахер го споредува со она меѓу фудбалските асови Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Кога ме прашувате кој бил подобар, дали Шумахер или Алонсо е исто како да треба да одлучам меѓу Меси и Роналдо. Алонсо беше помалку емотивен од Шуми. Михаел секогаш го извлекуваше најдоброто од своите клубови, додека Фернандо беше упорен и никогаш не се предаваше. Навистина не знам што да одговорам на ова прашање“, рече Бриаторе. 

Алонсо и Шумахер долги години беа на врвот во Формула 1, а токму Шпанецот во 2005 година ја прекина доминацијата на Германецот и не дозволи да ја освои шестата титула во низа.