• Мартин Танасковски

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо на трката за Големата награда на Азербејџан, која ќе се вози во Баку ќе влезе во историјата на Формула 1.
Поранешниот светски првак на оваа трка ќе стане возач со најдолга кариера во Формула 1 спортот. Со настапот во Баку, Алонсо ќе дојде до бројката од 21 година, три месеци и осум дена по дебито во најбрзиот автомото спорт.
Алонсо од врвот ќе го симне Михаел Шумахер, кој имаше 21 година и три месеци кариера во Формула 1.