Алонсо ги „смрзна“ фановите со одлуката за иднината: Ќе се пензионирам, но...

Фернандо Алонсо ќе продолжи да вози за Астон Мартин и во сезоната 2027, откако британскиот тим официјално го потврди продолжувањето на соработката со двократниот светски шампион.

Со ова Алонсо ја прекина неизвесноста околу својата иднина, бидејќи неговиот досегашен договор истекуваше на крајот од 2026 година. Шпанецот подолг период ја разгледуваше можноста да продолжи со кариерата, а конечната одлука ја донесе по неколку месеци шпекулации.

При потврдата на новиот договор Алонсо успеа и да ги „смрзне“ навивачите, бидејќи кажа:

„Формула 1 беше одлична за мене. Имав неверојатна кариера, се тркав повеќе од 23 години и постигнав повеќе од што сонував. Ми беше потребно доста време да ја донесам одлуката. Сега, имам јасна одлука на ум. Ќе се пензионирам од Формула 1, ама не сè уште“, изјави Алонсо.

Алонсо во Астон Мартин пристигна во 2023 година, а тимот заедно со Ленс Строл ќе ја сочинува својата возачка постава и во 2027 година. Иако Астон Мартин имаше тежок старт на сезоната 2026, големите амбиции на тимот со Адријан Њуи и Хонда остануваат важен дел од проектот, а Алонсо ќе продолжи да биде негово едно од најискусните имиња.