ФОТО: Алфа Ромео со уникатен изглед за трката во Монца

Формула 1 викендов се сели во Монца, каде што ќе се одржи трката за Големата Награда на Италија. 

Супер-брзата патека во областа Емилија-Ромања секогаш нуди посебно чувство кај љубителите на овој спорт, но и во дел од тимовите. Оваа трка за „домашна“ ја смета Ферари, ама и Алфа Ромео, кој иако е со седиште во Швајцарија, е прославен италијански бренд. 

Фановите на овој Ф1 тим имаа бурен период. Кими Раиконен не вози поради ковид-19, на негово место се појави ветеранот Роберт Кубица. Исто така, Финецот најави дека ќе се пензионира, па неговата замена е одличниот Валтери Ботас од Мерцедес. 

Сега, за трката во Монца, тимот на Алфа Ромео приреди посебен дизајн на болидот. Поради својата 111-годишнина, италијанското знаме и неколку други посебни обележја се најдоа на болидот за викендов.