Алфа Ромео се враќа во Ф1, за тимот ќе вози Кими Раиконен

Италијанскиот тим Алфа Ромео по долги години ќе вози во Формула 1, на местото на екипата на Заубер, потврдено е од тимот.

Алфа Ромео се враќа во Ф1 за првпат по 1985 година кога тимот мораше да се откаже затоа што беше дел од групацијата Фиат, исто како и Ферари. Во новата сезона возачи на тимот ќе бидат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

Тимот на Алфа Ромео зад своето име има две титули во најбрзиот автомото спорт, во првите две сезони по формирањето, односно 1950 и 1951 година.