• Михајло Стојановски

Според пишувањата на одредени медиуми во Велика Британија, чија специјалност им се вестите од авто-мото спортот, постои голема веројатност Алфа Ромео, повторно да се врати во Формула 1, со цел да го подобри слабиот имиџ на компанијата.
Во минатото, Алфа Ромео ги снабдуваше Ф1 тимовите со мотори во периодот од 1961 до 1988 година, а во категоријата на конструктори, се натпреваруваа во периодот од 1979 до 1985 година.
„Целта ни е да го прошириме нашиот бренд и да го подобриме имиџот на компанијата. Тоа се планира со посебен акцент на американскиот пазар, што би претставувало и враќање во Формула 1 натпреварите“, изјави господинот Маркионе, одговорниот маркетинг директор.
Во моментов не е познато кој тим и од која година би ги користел моторите на Алфа Ромео.