Алфа Ромео ги објави возачите за следната сезона

Екипата на Алфа Ромео е уште еден тим од Ф1 кој ја објави поставата на возачи со која ќе се натпреварува идната сезона.

Болидите во новата сезона ќе ги возат Кими Раиконен и Антонио Џовинаци. Раиконен беше потврден веќе од претходно, а 25-годишниот Италијанец е новост во екипата на Алфа Ромео.

Џовинаци ќе биде единствениот возач од Италија во Ф1 следната сезона. Во досегашниот дел од сезоната, тој освои четири бода и се наоѓа на 18 место во генералниот пласман.

За потврда на тимовите се чека уште на Вилијамс, Ред Бул и Торо Росо.