Алекс Маркез најбрз на тренингот пред трката за ГН на Катар

Возачот на Мото ГП тимот Гресини, Алекс Маркез, постави најдобро време на официјалниот тренинг пред трката за Големата награда на Катар. 

Маркез го оствари најдобриот резултат на патеката и ја извозе делницата за 1:51,108 минути, оставајќи го зад себе возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, кој доцнеше само 0,010 секунди. 

Третото место му припадна на Фабио Ди Џанатони од Дукати, кој имаше заостанување од 0,109 секунди, а зад нив се пласираа Франческо Пеко Бањаја, Маверик Вињалес и Педро Акоста. Главната трка за Големата награда на Катар е закажана за 10 март.