ВИДЕО: Ал-Раџи победи во седмата етапа, Петерхансел ја зголеми предноста пред Ал-Атијах

Јазид Ал-Раџи на Тојота е победник на седмата етапа кај автомобилистите на најпопуларното светско рели, Дакар 2021. Ал-Раџи во финишот го помина водечкиот Стефан Петерхансел и прв мина низ целта од Хаил до Сакаки во Саудиска Арабија.

Саудиецот стигна до победа со 48 секунди предност пред францускиот автомобилист.  Петерхансел ја зголеми предноста пред Карлос Саинс Јуниор, а Насер Ал-Атијах доцнеше три минути зад победникот и остана втор во генералниот пласмнан со 7:53 секунди послаб вкупен резултат. Себастиен Леб падна на 54. место во генералниот пласман и нема да се бори за пиедесталот. 

Кај мотоциклите, Рики Бребек од САД победи на седмата етапа, а неговиот колега од Хонда, Хозе Игнацио Корнехо е нов лидер на трката пред ривалот од КТМ, Тоби Прајс.