Ал-Атијах со новата етапна победа застана на чекор од прво славје на рели Дакар

Ал Атијах

Лидерот во генералниот пласман, Насер Ал-Атијах стигна до третата етапна победа на овогодишното рели Дакар и направи голем чекор кон освојување на првата титула за Тојота.

Катарецот оствари голем резултат на трката во која со големи проблеми се соочија Себастијан Леб и Стефан Петерхансел. По 26 километти од стартот, Петерхансел остана надвор од конкуренција, што се чини ќе биде пресудно за конечната победа на Ал-Атијах.

Катарскиот возач ја предводеше конкуренцијата на крајот на секој ден од релито, а ќе тргне со 51 минута предност пред Нани Рома на следната етапа.

И покрај проблемите, Леб е на добар пат да заврши на подиумот четврти пат во својата кариера.