ВИДЕО: Ал-Атијах победи на Дакар и ја донесе првата титула за Тојота

Возачот на Тојота, Насер Ал-Атијах ја освои својата трета титула на релито Дакар, а прва за тимот на Тојота. Искусниот Ал-Атијах претходно го освојуваше престижното рели и во 2011 година со тимот на Фолскваген и во 2015 година со тимот на Мини.

Катарецот беше во водство од самиот старт на релито, освен во втората етапа, па на крајот сосема заслужено стигна до нова титула. На втората позиција заврши Нани Рома, додека третопласиран на крајот беше деветкратниот шампион, Себастијан Леб.

Во конкуренција на камиони, до титулата стигна Едуард Николаев, додека кај моторциклистите трофејот замина во рацете на Тоби Прајс.