Ал Атијах победи и притиска кон врвот, Флоримо изби прв кај мотоциклите

Насер Ал Атијах пак беше најбрз и ја однесе победата во осмата етапа на најопасното рели на светот, Дакар. Возењето од Сакака до Неом беше со должина од 709 километри, од кои 375 специјални, а Катарецот одново најдобро се снајде. 

Етапата ја финишира со време од 2:56,56 часа, оставајќи го зад себе Карлос Саинц со заостанок од само 52 секунди. Третото место му припадна на Стефан Петерхансел, кој и по осум етапи ја држи челната позиција. Ал Атијах сè уште заостанува зад Французинот во генералниот поредок, а Саинц ги следи со осетна негатива.

Кај мотоциклите најбрз беше Хозе Игнацио Корнехо Флоримо, пред Прајс и Брабец. Токму победникот на осмата етапа во оваа конкуренција изби на првото место во пласманот, пред Прајс, а трет е Бенавидес.