Ал Атијах пак победи, Петерхансел не го пушта лидерското место на Дакар

Насер Ал Атијах пак беше најбрз и победи на четвртата етапа вчера на релито Дакар во Саудиска Арабија. Возењето од Вади Ад-Давасир до Ријад беше со должина од 813 километри, но е една од најбрзите етапи поради добриот терен до главниот град. 

Така, Катарецот заврши со време од 2:35,59 часа, додека Стефан Петерхансел доцнеше само 11 секунди. Меѓу тројцата најдобри се пласира Хенк Хагеган со минута и половина доцнење. Карлос Саинц имаше далеку подобар ден од претходниот и заврши четврти. 

На генералниот пласман и покрај трите победи на Ал Атијах, лидер е Петерхансел со речиси четири минути предност пред ривалот. Трет сè уште е Саинц пред Хатеган. 

Во категоријата на мотоцикли победи Жоан Борт, пред Сандерс и Бенавидес. Лидер во ранкингот таму е Хавиер де Солутре.