Ал-Атијах и Сандерс најбрзи на стартот на релито Дакар 2022

Стартуваа возбудувањата на Дакар 2022, а во првата етапа победата кај автомобилистите ја однесе Насер Ал-Атијах со својата Тојота. Со возењето од 595 километри во Хаил возачите го означија стартот на релито, во етапа од ревијален карактер. 

Катарецот беше најбрз и зад себе го остави трократниот шампион Карлос Саинц кој имаше минимално задоцнување. Третото место му припадна на Брајан Барагванат, додека во топ пет завршија Хенк Латеган и Себастијан Лоеб.

Кај мотоциклистите најбрз во стартната претстава беше Даниел Сандерс на својот ГасГас. Второто мести му припадна на новајлијата во Хонда Пабло Квинтаниља, додека трет заврши Рос Бранч од Јамаха. Лош пласман имаше фаворитот Тоби Прајс кој заврши осми. 

Денес се вози специјална етапа во кругот на Хаил, а официјалното броење на времето започнува токму од неа.