Ал-Атијах и Сандерс доминантни по првата специјална етапа на релито Дакар

На вториот ден на релито Дакар во 2022 година се возеше првата специјална етапа околу Хаил во Саудиска Арабија, а на неа доминацијата ја продолжија Насер Ал-Атијах и Даниел Сандерс. 

Во конкуренцијата на автомобили катарскиот возач Насер Ал-Атијах со својата Тојота беше повторно најбрз, завршувајќи ја патеката за три часа 30 минути и 53 секунди. Зад него заврши Себастиен Лоеб со 12 минути и 44 секунди доцнење, додека трет стигна Мартин Прокоп. Катастрофа го снајде легендарниот Стефан Петерхансел кој имаше проблем со промена на гума и мораше да чека помош. 

Во генералниот ранкинг води Ал-Атијах, пред Лоеб и Прокоп. 

Кај мотоциклистите до победата дојде Даниел Сандерс, кој ја извозе денешната етапа за четири часа 38 минути и 40 секунди. Второто место му припадна на Пабло Квинтаниља од Чиле кој задоцни нешто повеќе од три минути, а трет заврши Матиас Валкнер. 

Втората етапа на релито се вози утре од Хаил до Ал Артавија со нови 568 километри.