ВИДЕО: Ал Атијах и Борт победници на втората етапа на релито Дакар

Катарецот Ал Атијах во болидот на Тојота е победник кај автомобилистите на втората етапа на релито Дакар, кое во саботата почна во Саудиска Арабија. Етапата од Биша до Вади Ад Давасир, во должина од 685 километри, тој ја мина за 3:03:14 часа.

Стефан Петерхансел на Мини доцнеше 2:35 минути зад победникот и заврши на второто место, додека третото му припадна на Карлос Саинц. Петерхансел го презеде водството во генералниот пласман и има 6:37 минути предност пред Саинц.

Кај мотоциклистите славеше Шпанецот, Жоан Бареда Борт на Хонда, пред Рики Брабек и Фабио Квинтаниља. Борт од денес го презеде лидерското место во генералниот пласман пред Брабек и Бранч.