Ал-Атијах победи на четвртата етапа и го зголеми водството пред Петерхансел

Тојота

Катарскиот натпреварувач Насер Ал-Атијах победи на четвртата етапа од овогодишното издание на релито Дакар, етапа која се возеше од Арегуипа до Такна и беше долга 664 километри.

Тој со својата Тојота го доби директниот дуел со фаворитот за конечната победа Стефан Петерхансел, кој заостана нешто помалку од две минути.

Со триумфот, Ал-Атијах ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има скоро девет минути повеќе од најблискиот конкурент.

На третото место заврши Полјакот Јакуб Прзигонски, кој заостана осум минути и 32 секунди.