Ал Атија од Катар по четврти пат најдобар на релито Дакар

Насер Ал Атија од Катар по четврти пат е најдобар на релито Дакар. Ал Атија од самиот почеток го предводеше „караванот“ на најпознатото светски рели, па на крајот забележа повеќе од убедлива победа.

Тој на својата Тојота славеше со 27.46 минути предност пред најблискиот сопатник Себастијан Леб. Со четвртата победа на релито Дакар во кариерата, 51-годишникот од Доха го израмни резултатот на Ари Ватанен од Финска, кој исто така четири пати го освојуваше Дакар.

Рекордер по бројот на победи е Стефан Петерхансел од Франција, кој славеше дури 14 пати.