Акоста: Згрешив на спринтот, но го исполнив сонот со победата на главната трка!

Шпанскиот возач Педро Акоста конечно ја дочека својата прва победа во кралската Мото ГП класа, остварувајќи ја на трката за Големата награда на Австрија. 

Оваа победа има посебна тежина за младиот Шпанец, со оглед на тоа што доаѓа само еден ден по неславно испуштената победа на саботната спринт-трка, кога поради пад го загуби првото место. 

„Ова е убав начин да се заокружи еден прекрасен викенд. Во овој тим сум уште од кога имав 16 години, ги знам сите тука како од дете и ова е совршен епилог на една приказна“, изјави Акоста по триумфот. 

Вчера згрешив и самиот си ја искомплицирав спринт-трката. Но, денеска се искупивме и ова е остварување на сонот за целиот тим“, изјави Шпанецот. 

Со оваа победа, Акоста уште еднаш потврди дека и покрај претстојното заминување од тимот, останува еден од најталентираните и највозбудливите возачи во денешниот светски мотоциклизам.