• Иван Димовски
Педро Акоста триумфира во спринт трка за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот, додека Марк Маркез ја искористи неочекуваната ситуација со Хорхе Мартин за дополнително да ја зацврсти лидерската позиција во генералниот пласман.
Мартин, кој е главен конкурент на Маркез во борбата за титулата, се повлече од натпреварувачкиот викенд, па предноста на возачот на Дукати од дотогашните 10 порасна на 19 бода. Маркез има можност дополнително да ја зголеми разликата на утрешната главна трка, која започнува во 08:00 часот.
Победата во спринтот му припадна на Акоста од КТМ, кој во завршницата успеа да го преземе водството од Аи Огура. Шпанецот го нападна Јапонецот три круга пред крајот, го мина и до целта ја задржа првата позиција. Марк Маркез заврши зад него, додека третото место му припадна на Марко Бецеки од Априлија.
Интересно, Алекс Маркез, кој беше најбрз на квалификациите и стартуваше од пол-позицијата, долго време ја контролираше трката, но направи грешка и излета од патеката, со што остана без пласман меѓу освојувачите на бодови. Покрај водечките, бодови освоија и Фабио ди Џанантонио, Франческо Бањаја и Бред Биндер, во спринтот кој се возеше на дождлива патека.