Акоста: Мотивот за премин во Дукати беше да го победам Марк Маркез!

Педро Акоста донесе одлука да го напушти тимот на КТМ и од 2027 година да вози за Дукати, а зад трансферот, според информациите од австрискиот тим, не стоела финансиската понуда.

Младиот Шпанец имал поинаков мотив - желбата да се најде во ситуација директно да се бори со Марк Маркез со ист мотор и со еднакви услови. Токму тоа било клучно во неговата одлука да го промени тимот.

Извршниот директор на КТМ, Готфрид Нојмајстер, се обидел да го задржи Акоста и за новата ера во МотоГП, но не успеал да го промени неговиот став.

Акоста во Дукати ќе потпише двегодишен договор и ќе биде тимски колега на Марк Маркез во периодот кога Мото ГП влегува во нова ера со мотоцикли од 850 кубика и гуми Пирели.

Шпанецот е дел од КТМ уште од најмладите категории и токму со австрискиот производител стигна до кралската класа. За тимот ја оствари и првата победа во Мото ГП од 2022 година, кога триумфираше на домашната патека на КТМ, Ред Бул Ринг.

Акоста во моментов е четврти во генералниот пласман, а неговото преминување во Дукати отвора можност за една од најинтересните борби во иднината на Мото ГП - дуелот со Маркез на идентичен мотор.