• Саше Љолес

Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека постои можност актуелната сезоната да не биде завршена во Катар и Абу Даби, доколку безбедносната состојба на Блискиот Исток не се подобри.
Иако двете последни трки во календарот засега се потврдени и интересот за нив е голем, конечната одлука за нивното одржување ќе биде донесена во септември.
„Доколку ситуацијата остане нестабилна, ќе мора да најдеме решение во Европа. Не можеме да преземаме непотребни ризици“, изјави Доменикали.
Според информациите, една од опциите за замена на завршната трка е патеката Имола во Италија, која веќе има искуство со организација на трки од Формула 1.
Ова не би било првпат Ф1 да прави промени поради безбедносни причини. Претходно беа откажани трките во Бахреин и Саудиска Арабија поради ситуацијата во регионот, а календарот беше коригиран со додавање на Малезија.
Доменикали истакна дека се разгледуваат и сценарија за сезоната 2027, но главната цел останува Формула 1 и понатаму да има календар со 24 трки годишно.