„Ако беше во Мерцедес, Верстапен ќе беше лидер во шампионатот“

Макс Верстапен

Шампионот на Формула 1 од 2016 година Нико Розберг одново испрати провокација за неговиот поранешен клупски колега Луис Хамилтон.

Според 34-годишниот Германец, Макс Верстапен би бил лидер во генералниот пласман, доколку беше дел од екипата на Мерцедес.

„Верстапен е одличен и заслужено стигна до две победи оваа сезона. Тој има 22 бода помалку од Ботас и е пред двата болиди на Ферари, што е одлично постигнување. Исто така не е далеку од лидерот Луис Хамилтон.

Ако се прашувам јас, Верстапен би бил лидер во генералниот пласман, доколку возеше болид на Мерцедес. Тој има фантастична сезона, моментално е најдобар возач меѓу конкуренцијата“, вели Розберг.

Ваквите изјави не се новина кога е во прашање поранешниот Ф1 првак кој често знае да испрати мала провокација на сметка Хамилтон и Мерцедес.