Агуеро ќе им се спротистави на ѕвездите на Формула 1 на виртуелната трка за ГН на Шпанија

В недела нè очекува нова виртуелна трка во Формула 1, на која повторно ќе има натпреварувач од фудбалскиот свет. 

Откако на неславен начин Тибо Куртоа се претстави пред формула 1 ѕвездите, в недела на виртуелната трка за Големата награда на Шпанија ќе го гледаме и асот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, кој ќе вози за тимот на Ред Бул. 

Минатата недела победник беше Александар Албон, кој успеа да ја прекине доминацијата на Лекрер, кој славеше на првите две трки. 

Што се однесува до фудбалските ѕвезди на првите две трки учествуваа Чиро Имобиле и Алесио Ромањоли.