До минатата година, наградите на 5К трката го носеа името на Стевче Ѓоргиевски, легендарниот атлетичар од Битола, чија кариера остави траен белег и во македонската и југословенската атлетика. Роден во Битола, Стевче ги направи првите чекори во АК Олимп, каде што започна неговото патување кое доведе до бројни успеси, како југословенски и балкански шампион. Неговите рекорди на 5.000 метри останаа недостижни со децении.