Националната атлетска надеж Дарија Крстевска ја започна новата сезона со одлични резултати на Националното првенство во атлетика на Бугарија за атлетичари до 18 години, кое се одржа во Софија на 1 и 2 февруари.
Францускиот атлетичар Вилфред Апио официјално доби суспензија поради одбивање да се појави на тестирање за допинг, соопшти Единицата за атлетски интегритет (АИУ).
Андреас Трајковски со најдобар скок сезонава од 7.72 метри го освои осмото место во силна конкуренција на атлетскиот митинг во сала во Белград кој е еден од деветте златни митинзи под капата на Светска Атлетика.
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски имаше одлично отварање на сезоната. На митинг кој е со етикета од Светската Атлетика вечерва во Архус (Данска) Андреас прескокна 7.65 метри во скок во далечина.
Хрватскиот атлетичар и маратонец, Андреј Хладник, официјално доби суспензија од Меѓународната единица за интегритет и Светската атлетска федерација поради позитивен допинг-тест.
Кениската атлетичарка и маратонка, Беатриче Шебет ја заврши 2024 година во голем стил откако успеа да го сруши сопствениот рекорд на петкилометарската трка која се одржа во Барселона.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски зад себе остава година за паметење. Многубројни рекорди паднаа пред еден од најдобрите во историјата на „кралицата на спортовите“ кога се говори за Македонија, а круна на кариерата беше истрчаниот маратон на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз.
Атлетската федерација на Македонија на свечена церемонија синоќа во Скопје ги додели наградите за најуспешните атлетичари во 2024 година. Годината која изминува беше успешна за „кралицата на спортовите“ кај нас, а развојот е евидентен во сите категории.
Синоќа во Скопје се одржа свеченото прогласување на најуспешните атлетичари, тренери и клубови во цела Македонија за постигнувањата во атлетскиот спорт во 2024 година.
Олимписката шампионка во скок во далечина од Токио 2021 година и актуелна европска шампионка во оваа дисциплина, Малаика Михамбо од Германија, тврди дека медитацијата ѝ помогнала да стане подобра спортистка.
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски и неговата компанија за спортска опрема „Џамперс ворлд“ во следниот период ќе бидат одговорни за опремата на атлетскиот клуб Црвена Звезда од Белград.
Мохамед Катир е суспендиран на четири години поради фалсификувани документи кои ги предал до Антидопинг агенцијата во тек на една истрага. Во февруари Катир доби двегодишна суспензија бидејќи за една година прескокнал три тестирања за допинг.
Само ден по трагичната смрт на Јанис Тима, спортска Летонија ја погоди уште една тажна вест. Почина Ајгарс Фадејевс, бронзен медалист на 50 километри брзо одење на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година.
Експертите сметаат дека светот на спринтот нема уште долго да најде човек кој ќе го урне рекордот на 100 метри на Усеин Болт. Сепак, Фред Керли не мисли така
Меѓународната атлетска федерација синоќа претстави ново атлетско екипно натпреварување наречено Ултимејт шампионат. Ова натпреварување премиерата ќе ја има во септември 2026 година и ќе значи промена за атлетскиот спорт.
Министерството за спорт договори изградба на атлетска патека во Гевгелија во вредност од 126.000 евра. Според информациите од Општина Гевгелија, со реализацијата на овој проект се отвора можност за професионално и рекреативно атлетско трчање. За потсетување Гевгелија полека се мапира на светската атлетска карта благодарение на АК „7 ноември“ и организацијата на „Novembar run“.
В недела со почеток од 16:00 часот во Скопје, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”
Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, е добитник на наградата „13 ноември“, која му припаѓа на најдобриот спортист на Град Скопје за изминатата година.
Здружението за промоција и поттикнување на спортски активности, 091 Run Crew од Скопје, испрати свои претставници на полумаратонот во Подгорица, Црна Гора, каде забележа одлични резултати.
Дарија Крстевска, членка на АК Олимп од Битола, ќе ја претставува Македонија на Балканското првенство во крос-кантри. Клубот ја објави веста и ја поддржа младата битолчанка во обидот да се избори за најдобро свое постигнување во кариерата.