Златниот олимпиец од Токио ја надмина повредата и се враќа на патеките

Најбрзиот човек на светот, италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс се враќа на патеките и ќе настапи на митингот во Дијамантската лига во Стокхолм. 

Италијанецот на средината на мај заработи повреда која го оддалечи од патеките. Сепак, во моментов се наоѓа во процес на заздравување, па се очекува да биде спремен за собирот во Шведска. Џејкобс е златен олимпиец од Токио на 100 метри, како и на штафетата од четири пати по 100 метри. 

Од освојувањето на медалите во Токио, Џејкобс имаше само уште два настапи. Пропушти едно натпреварување во Дијамантската лига поради повреда на бутниот мускул, а сега се очекува да се врати за собирот во Стокхолм на 30 јуни. 

Ова е одлична вест за него, бидејќи за еден месец ќе се одржи Светското првенство во САД.