• Зоран Мишевски
До минатата година, наградите на 5К трката го носеа името на Стевче Ѓоргиевски, легендарниот атлетичар од Битола, чија кариера остави траен белег и во македонската и југословенската атлетика. Роден во Битола, Стевче ги направи првите чекори во АК Олимп, каде што започна неговото патување кое доведе до бројни успеси, како југословенски и балкански шампион. Неговите рекорди на 5.000 метри останаа недостижни со децении.
Од оваа година, наградите на 5К трката ќе носат две имиња. Во машка конкуренција, наградите ќе го носат името на Стевче Ѓоргиевски, додека во женска конкуренција наградите ќе бидат посветени на неговата ќерка, Марија Макри. Марија, исто така, беше талентирана атлетичарка која ја наследи страста за спортот од својот татко. Иако за жал таа повеќе не е таа со нас, нејзиниот дух и љубов кон атлетиката продолжуваат да живеат преку оваа трка и наградите во нејзино име.
Да потсетиме:
Стевче Ѓоргиевски е роден во 1961 година во Битола и ја започна својата атлетска кариера во АК Олимпија (денешен АК Олимп). Тој беше член на репрезентацијата на Југославија и постигна бројни успеси, меѓу кои:
- Југословенски првак во крос (двапати)
- Балкански првак во крос за младинци во Крајова
- Балкански младински вицешампион на 1.500 метри
- Балкански шампион на 5.000 метри во Солун, 1980 година
Марија Макри, ќерката на Стевче, тренираше под водството на својот татко и беше посветена атлетичарка. И покрај нејзината трагична загуба, нејзината љубов кон спортот останува инспирација за сите нас. Од оваа година, наградите за женската категорија на 5К трката ќе го носат нејзиното име, како почит кон нејзиниот живот и наследството што го остави.