• Редакција Gol.mk

В недела со почеток од 16:00 часот во Скопје, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”
Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој ноември во чест на ослободувањето на Град Скопје.
Првата трка била одржана во далечната 1953 година и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 километри.